Top Sport

(Видео) Меси и Суарез ја прекинаа лошата низа на Интер

Интер Мајами го победи тимот на Монтреал со од 4:2 и ја прекина лошата серија во МЛС лигата.

Тимот од Мајами не славеше во последните четири натпревари, но осовината од Барселона, Меси-Суарез стави крај на лошата низа.

Аргентинецот постигна два гола и асистираше во првата победа на Интер во последните пет натпревари. Му помогна и неговиот поранешен соиграч од Барселона, Луис Суарез, кој исто така постигна два гола и забележа асистенција.

Во 27-та минута Меси за прв пат ја затресе мрежата на противникот. Потоа беше мирно, сè до крајот на натпреварот, кога во последните 30 минути беа постигнати пет гола.

Суарез постигна два гола во рок од три минути. Погоди во 68-та и 71-та минута. Монтреал не се предаде, па Сили им ја врати надежта на гостите во 74-та минута.

Сепак, сè беше завршено во 87-та минута кога Аргентинецот го постигна вториот гол на натпреварот и му ја донесе победата на Мајами. До крајот гол за Монтреал во 92-та минута постигна Лотури.

Со овие голови, Меси стигна до осум гола оваа сезона во МЛС лигата и четири асистенции во 12 натпревари. Во последните две сезони, тој постигна 29 гола и 22 асистенции. Тој стана првиот играч во историјата на клубот од Флорида со над 50 гола.

Scroll to Top