Top Sport

(Видео) Меси може да остане без вилата од 11 милиони евра

Лионел Меси би можел да се соочи со рушење на неговата вила на Ибица вредна 11 милиони евра, поради контроверзиите околу имотот од 16.000 квадратни метри. Имено, вилата е изградена на заштитено земјиште без потребните дозволи.

Меси го купи имотот во 2022 година, но оттогаш се соочи со низа проблеми, вклучувајќи го и вандализмот од страна на климатските активисти минатата година.

Имотот лоциран во Сант Жозеп де Са Талаја на западниот брег на Ибица, Меси го купи од швајцарскиот бизнисмен Филип Амон. Сепак, во текот на изградбата биле прекршени правилата за урбанистичко планирање бидејќи ѕвездата на Интер Мајами во моментов нема важечка дозвола за употреба или потребните одобренија за вила на заштитено земјиште.

Според „AБЦ“, делумно рушење на вилата „не е исклучено“ ако ситуацијата не се реши.

Во август 2024 година, климатските активисти од групата „Футуро Вегетал“ упаднаа во имотот и го вандализираа, боејќи го црвено и црно и споделувајќи фотографии на социјалните мрежи.

Двајца членови на групата држеа транспарент на кој пишуваше „Помогнете ѝ на планетата, изедете ги богатите, укинете ја полицијата“, во она што се верува дека е протест против владините политики што ја влошуваат климатската криза.

Тие ги објаснија своите постапки во објава на социјалната мрежа „X“: „Ја обоивме нелегалната вила на Меси на Ибица. Вилата е нелегална градба што фудбалерот ја купи за претерана сума од 11 милиони евра. Додека ова се случува, само на Балеарските Острови помеѓу 2 и 4 лица починаа како директен резултат на топлотниот бран. Најбогатиот, еден отсто од населението е одговорен за истата количина емисии на јаглерод како и најсиромашните две третини… Потребна ни е радикална промена во системот за да се соочиме со климатската криза.“

Scroll to Top