Top Sport

(Видео) Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе бидат запаметени како едни од најдобрите играчи на сите времиња. Нивната борба во Ла Лига траеше со години, а Аргентинецот се осврна на споменатото ривалство.

Во интервјуто што го даде за официјалната веб-страница на наградата „Златна топка“, Меси истакна како соперништвото со Роналдо влијаело врз двајцата:

„Против него, секогаш беше борба. Спортски, беше прекрасно. Се туркавме еден со друг да бидеме подобри бидејќи двајцата сме исклучително конкурентни. Тој (Кристијано) секогаш сакаше да победи во сè, како и јас. Беше прекрасно време за нас, како и за луѓето кои го сакаат фудбалот.“

Во периодот од 2008 до 2023 година, тие освоија дури 13 награди „Златна топка“, осум пати лауреат беше Меси, пет пати Кристијано.

Меси и Роналдо ја одбележаа ерата на „Ел Класико“ во 21 век. Тие му дадоа на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид една нова димензија, а одиграа еден против друг дури 30 натпревари во Шпанија.

Последниот судир во кој беа еден против друг беше кога Интер Мајами гостуваше кај Ал Наср во Саудиска Арабија.

Scroll to Top