Top Sport

(Видео) Меси жестоко исвиркан, страшен волеј на Мбапе – ПСЖ го прегази Ажаксио

Фудбалерите на Пари Сен Жермен убедливо со 5:0 го совладаа тимот на Ажаксио во 35.коло од Лига 1.

ПСЖ дојде на чекор до титулата, на три кола до крајот има шест бода повеќе од Ленс. Од друга страна Ажаксио ги загуби сите шанси за опстанок во лигата, од наредната сезона ќе игра во Лига 2.

Овој натпревар ќе остане запаметен по немилите сцени. Освен што навивачите на Пари Сен Жермен повторно го исвиркаа Лионел Меси во неколку наврати кога тој ја прими топката, овој меч го одбележа и физичката пресметка на крајот од мечот беа исклучени Хакими и Мангани.

Фабијан Руиз во 22. минута го постигна првиот гол, а предноста ја зголеми Хакими во 33.минута.

На стартот од второто полувреме на сцена стапи Мбапе, кој најпрвин во 47. минута собра една одбиена топка и ја смести во голот, а во 54. фати страшен волеј од 16 метри за 4:0.

Маркињос шутираше во 73. минута, топката попат го погоди Јусуф и заврши во мрежата за конечни 5:0.

Во 77. минута дојде до физичка пресметка и голема гужва на гостинската половина, Хакими веднаш заработи црвен картон, а фудбалерот Ажаксио беше исклучен по интервенцијата од ВАР собата.

Scroll to Top