Top Sport

(Видео) Милан ги победи Лече и ВАР-от

Милан ја оствари својата прва победа во Серија А оваа сезона, откако го победи Лече со 2:0 во второто коло.

Исклучително важна победа за Милан. Не само поради поразот во првото коло на „Сан Сиро“ против Кремонезе, туку и поради значителни персонални проблем. Сепак, Масимилијано Алегри ја забележа првата победа во својот повратнички мандат.

Рубен Лофтус-Чик го отвори резултатот во Лече во 66-та минута. Со асистенција на најголемото засилување Лука Модриќ. Сепак, пред тоа Милан постигна уште два гола, но двата беа поништени од ВАР. Прво, веќе во четвртата минута, голот на Габија поради прекршок, а потоа во 60-та минута, голот на Хименез поради офсајд.

Кристијан Пулишиќ му го зададе последниот удар на Лече во 86-та минута.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top