Манчестер сити и Лајпциг од Г групата се првите екипи кои изборија пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Фаворитите во групата вечерва славеа над Јанг Бојс, односно Црвена звезда.
Актуелниот европски првак, Манчестер сити го победи Јанг Бојс со 3:0. Халанд (два гола) и Фоден беа стрелци на головите. Во исто време во Белград, Лајпциг ја победи Црвена звезда со 2:1. Чави Симонс во првото и Опенда во второто полувреме беа стрелци за Лајпциг, голот за Звезда е авто гол на Хендрикс.
Сити има 12, Лајпциг девет бода, Звезда и Јанг Бојс имаат по еден бод.
Во, Ф групата, Милан ја запиша првата сезонава во ЛШ. Милан го совлада ПСЖ со пресврт и со головите на Леао и Жиру. Претходно ПСЖ поведе во деветтата минута со голот на Шриниар.
Во групата сите тимови имаат шанси за едно од првите две места. Борусија има седум, ПСЖ шест, Милан пет, а Њукасл четири бода.
Неисзвесно до самиот крај ќе биде и во Е групата.
Атлетико го декласира Селтик со 6:0. По два гола постигнаа Гризман и Мората, а по еден Лино и Саул.
Лацио на „Олимпико“, со голот на Чиро Имобиле го победи Феенорд. За Имобиле ова беше 200. гол во дресот на Лацио.
Атлетико води со осум бода, Лацио има седум, Феенорд шест, а Селтик еден бод.
И на крајот во г групата, каде претходно Шахтјор ја победи Барселона со 1:0, екипата на Порто рутински славеше над Антверп со 2:0. Еванилсон постигна гол од пенал, а конечниот резултат го постави Пепе.
Барселона и Порто водат со по девет бода, Шахтјор има шест, Антверп се уште е без освоен бод.