Милан го победи Лацио со 2:0, но тренерот Стефано Пиоли и фановите на „росонерите“ стравуваат за состојбата на Рафаел Леао, кој се повреди и мораше да биде заменет уште во 11.минута. На негово место во игра влезе Салемакерс. Еден од најдобрите играчи на Милан сега е неизвесен за дуелот со Интер во полуфиналето на ЛШ.
Исмаел Бенасер донесе водство за Милан во 17.минута, а Тео Ернандез зголеми на 2-0 во 29.минута.
По овој триумф, Милан за момент се искачи на четвртата позиција на табелата со 61 бод, еден повеќе од Интер кој има и еден одигран натпревар помалку.