Top Sport

(Видео) Милан роденденот го прослави со реми против Џенова, пораз на Рома во Комо

Фудбалерите на Милан ремизираа 0-0 со Џенова на Сан Сиро во 16. коло од италијанската Серија А.

Росонерите вечерва ја прославија 125-години од основањето на клубот, трибините беа исполнети со бројни легенди кои оставија длабока трага во дресот на Милан, дури и дресот беше специјално дизајниран за оваа прилика.

Сепак, актуелниот тим предводен од Пауло Фонсека е далеку од најдобрите тимови во Серија А оваа сезона.

Домашните имаа три добри во првите дваесет минути, но гол не успеаја да постигнат Емерсон, Ејбрахам и Чуквуезе.

Најдобрата шанса Милан ја имаше преку Мората, ударот на Шпанецот заврши во гредата.

До крајот екипата на Патрик Виера го издржа притисокот и освои важен бод кај фаворизираниот Милан.

Претходно фудбалерите на Рома им приредија уште едно непријатно изненадување на своите навивачи. „Волчицата“ загуби во Комо 2:0. Комо немаше победа на претходните девет натшревари во Серија А, а до победата дојде со головите на Габриелони во 93. и Паз во 97. минута.

Рома го забележа осмиот пораз во првенството, се наоѓа на 12.место со 16 поени, од опасната зона е оддалечена само два бода.

Scroll to Top