Top Sport

(Видео) Миовски стрелец, Абердин поразен на „Ајброкс“

По Селтик, Бојан Миовски ја погоди и мреата на Глазгов Ренџерс, но за разлика од натпреварот со Келтите, изминатиот викенд, вечерва Абердин не успеа да го избегне поразот.

Абердин гостуваше на „Ајброкс“ кај Ренџерс, а Миовски во 45 минута го изедначи резултатот на 1:1. За македонскиот репрезентативец ова беше 13. гол во Премиер лигата на Шкотска.

„Полицајците“ првиот гол го постигнаа преку Матондо во седмата минута.

Ренџерс победата ја обезбеди во 72.минта со голот на Кантвел.

Абердин со натпревар помалку од конкурентите се наоѓа на деветото место со 25 поени, додека Ренџерс има ист број на бодови како и лидерот Селтик.

Scroll to Top