Top Sport

(Видео) МЛС му забрани на телохранителот на Меси да влегува на теренот

Американската МЛС лига одлучи да му забрани на телохранителот на Лионел Меси да влегува на теренот за време на натпреварите.

„Болавип“, наведува дека ваквата забрана е мотивирана од тоа што секој стадион има обезбедување на кое не му е потребна дополнителна помош.

Телохранителот на Меси неколку пати беше во центарот на вниманието, во ситуации кога фанови влегуваа на теренот за да се фотографираат со напаѓачот на Интер Мајами.

„Веќе не ми е дозволено да влегувам на теренот. Работев во Европа седум години, во Лига 1 и Лигата на шампионите. За тоа време, само шест луѓе влегоа на теренот. Откако дојдов во САД, имаше 16 обиди за само 20 месеци. Овде постои голем проблем. Проблемот не сум јас. Дозволите ми да му помогнам на Лео. Ја сакам МЛС, но мораме да работиме заедно. Сакам да помагам. Не сум подобар од никого, но имам искуство од Европа. Секако ја разбирам одлуката на лигата“, изјави Јасин Чеуко.

Телохранителот на Меси е поранешен припадник на специјалните единици на Армијата на САД со борбено искуство во Ирак и Авганистан, но и учесник во неколку ММА борби.

Scroll to Top