Top Sport

(Видео) Момент за историја и легенда, „Метрополитано“ му пее на Гризман

Во два исклучително драматични натпревари, Атлетико Мадрид успеа да ја елиминира Барселона во четвртфиналето, во Лигата на шампионите.

По завршувањето на реваншот, играчите на Атлетико бурно го прославија пласманот во полуфиналето. Потоа тие се поздравија со навивачите и се упатија кон тунелот. Сепак, во тој момент, еден од нив се одвои од своите соиграчи и се врати кон трибините на „Метрополитано“.

Играчот кој се врати да слави сам со навивачите е Антоан Гризман (35), една од најголемите легенди во историјата на Атлетико.

Навивачите, во негова чест ја пееја песната „Годините поминуваат…“, најавувајќи го неизбежното и дефинитивно заминување на Гризман од Атлетико.

Французинот им се придружи на навивачите и пееше со нив.

„АС“, најчитаниот шпански спортски медиум, вака го опиша видеото ја опиша трогателната сцена: „Гризман сам пред „Метрополитано“ пее во дует со навивачите. Слика за историските книги и за легендата на Атлетико“.

На крајот од сезоната, Гризман го напушта Атлетико Мадрид, се сели во САД, во Орландо. Трансферот беше договорен пред три недели. Реши да остане до крајот на сезоната, за да му помогне на Атлетико да се обиде да го освои Кралскиот куп и Лигата на шампионите.

Гризман е легенда на Атлетико. Одигра 491 натпревар за клубот. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Атлетико со 211 голови, а додаде и 97 асистенции. Го водеше тимот до освојување на Кралскиот куп и Лигата на Европа.

Ова е втор престој на Гризман во Атлетико, каде што помина вкупно десет години. Првпат се приклучи на клубот во летото 2014 година од Реал Сосиедад за 54 милиони евра. Пет години подоцна, беше продаден на Барселона за 120 милиони евра, но по две години се врати прво на позајмица, а потоа во 2023 година и трајно. Атлетико тогаш го купи за 22 милиони евра.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');