Top Sport

(Видео) Мурињо го сруши Спортинг, па се перчеше пред камерата

Фудбалерите на Бенфика победија како гости кај Спортинг во големото градско дерби со 2:1. Бенфика го скокна Спортинг на табелата и во исто време го доближи Порто до шампионската титула. На табелата, на четири кола до крајот, Порто има 79 поени, седум повеќе од Бенфика и осум од Спортинг.

Жозе Мурињо ја забележа веројатно својата најслатка победа откако ја презеде Бенфика, против градски ривал триумфираше со гол во третата минута од судиското продолжение.

Гостите изведоа молскавична акција, која ја заврши Рафа Силва.

Претходно, Андреас Шјелдеруп им донесе водство на гостите од пенал во 27-та минута, а потоа, во 72-та минута, Хидемасо Морита израмни и најави бурен финиш. Спортинг во 19-та минута, поточно Луис Суарез не искористи пенал.

На крајот од натпреварот, во свој стил, Мурињо го одбележа триумфот на теренот на својот голем ривал покажувајќи го своето лого на џемперот, а потоа ставајќи го прстот на слепоочницата.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');