Милан ја забележа третата победа во исто толку натпревари во Серија А. Милан, во дербиот, на „Олимпико“ во Рим ја победи Рома со 2:1. Во првите две рунди ги совлада Болоња и Торино со 2:0 и 4:1.
Натпреварот на „Олимпико“ го обележа голот на рафаел Леао во 48.минута, со кој Милан дојде до недостижна предност од 2:0.
Португалецот со противнички играч на грб, речиси легнат, успеа со полуволеј да погоди за 2:0.
Италијанците по натпреварот пишуваат за реакцијата на тренерот на Рома, Жозе Мурињо, кој му честиташе на својот сонародник за голот. Тренерот на Рома му пријде на Леао покрај аут инијата и му пушти рака, иако тоа беше голот што ја турна Рома кон уште еден пораз.