Top Sport

Уште еден Адетокумбо потпиша за Милвоки Бакс

Алекс Адетокумбо (22) стана нов член на Милвоки Бакс. Во тимот им се придружи на двајцата постари браќа Танасис и Јанис.

Како што пренесуваат американските медиуми, Алекс потпишал едногодишен негарантиран договор.

Минатата сезона ја мина во редовите на Висконсин Херд, развојниот тим на Милвоки Бакс, за кој имаше просек од 5,8 поени и три скока по натпревар. Ваквиот настап не му ветува баш пробив во главниот ростер на Бакс, но времето ќе покаже дали ќе може да се избори за постојан престој во најдобриот тим на Милвоки.

Таму, секако, главна ѕвезда е неговиот постар брат Јанис Адетокумбо, додека вториот брат Танасис има само епизодна улога.

Најдобриот играч на Милвоки, Јанис има четворица браќа, двајца постари Френсис и Танасис и двајца помлади, Костас и Алексис.

Што се однесува до Костас, тој од следната сезона ќе игра за Панатинаикос.

Scroll to Top