На денешен ден во 2007 година беше постигнат најбрзиот гол во историјата на Лигата на шампионите.
На натпреварот помеѓу Баерн и Реал, легендарниот Холанѓанец Рој Макај го постигна првиот гол за Баварците по само 10,12 секунди игра.
Со што топката тргна од центарот, Роберто Карлос погреши, Хасан Салихамиџиќ ја украде топката и му ја додаде на холандскиот напаѓач, кој го совлада Икер Касиљас.
До денес никој не го соборил тој рекорд. Баерн го доби тој натпревар со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, пред да биде елиминиран од Милан, кој ја освои титулата таа сезона.
Вториот најбрз гол во Лигата на шампионите го постигна Јонас од Валенсија, кој погоди против Баер Леверкузен во 2011 година по само 10,96 секунди, додека на третото место е Жилберто Силва, кој постигна гол за Арсенал против ПСВ по 20,07 секунди во 2002 година.