Златан Ибрахимовиќ синоќа во последното коло од италијанскиот шампионат на тревникот на „Сан Сиро“, објави дека става крај на својата богата кариера.
Брилијантниот 41-годишен Швеѓанец со солзи се збогуваше со соиграчите и навивачите, кои во негова чест направија кореографија „Збогум“.
Ретко виден талент, според многумина, никогаш целосно неискористен, го воодушевуваше светот во текот на неговата кариера со неверојатни потези и голови, но и со глупави и често непотребни изјави.
Но, кога ќе се спушти прашината околу неговото заминување, ќе останат запаметени десетици феноменални голови кои Ибрахимовиќ ги постигна додека настапуваше за најголемите европски клубови.