Top Sport

(Видео) Наполи четврти пат во историјата ја освои Серија А

Фудбалерите на Наполи ја освоија титулата во Серија А. Наполи ја задржа предноста од еден бод во однос на Интер, откако во последното коло го победи Каљари со 2:0, а сега веќе поранешниот шампион со истиот резултат победи во Комо. Наполи ја освои четвртата титула во клупската историја, втора во последните три сезони.

Наполи мораше да победи и тоа го направи со головите на двете големи засилувања, Скот Мектомини и Ромелу Лукаку.

Репрезентативецот на Шкотска го отвори резултатот со сепктакуларен гол во 43.минута. Мектомини сигурно ќе биде прогласен за играч на сезоната во Серија А, а меѓу навивачите ќе стекне статуст на божество.

Во 51.минута Лукаку стави тошка на шампионската сезона.

Стадионот „Диего Армандо Марадон“ еруптираше во тие моменти, а лудо беше и на улиците, каде според проценките најмалку 100.000 луѓе го следеа натпреварот.

Антонио Конте влезе во историјата на италијанскиот фудбал, успеа да освои титули со три различни екипи (Јувентус, Интер, Наполи).

Интер мораше да победи во Комо и тоа го направи, но дочека кикс на Наполи. По 20.минути игра Де Фрај погоди за 0:1, а мечот практично заврши во 45.минута кога голманот на Комо, ветеранот Пепе Рејна доби црвен картон. Победата на Интер ја потврди Хоакин Кореа во 50.минута.

Пред Интер сега е најважниот натпревар во сезоната, на 31.мај во Минхен, ќе се бориза титулата во Лигата на шампионите.

Scroll to Top