Актуелниот шампион во Серија А, Наполи, лесно го мина гостувањето во Фиренца. Во третото коло, Наполи ја победи Фиорентина со 3:1. За Наполи, првиот меч по враќањето во клубот го одигра Елиф Елмас. Репрезентативецот на Македонија влезе на теренот во 69.минута на местото на Кевин Де Брујне.
Екипата на Антонио Конте стигна до триумфот релативно рутински, иако Вања Милинковиќ-Савиќ мораше неколку пати да интервенира во финишот за да не биде доведена во прашање победата во Фиренца.
Актуелниот шампион агресивно влезе во натпреварот, Расмус Хејлунд промаши изгледна шанса, а во продолжението на акцијата Ангиса избори пенал.
Кевин де Брујне беше немилосрден во шестата минута, а во 14-та минута, Хојлунд го искористи додавањето на Леонардо Спинацола и го дуплираше водството.
Сем Беукема постигна уште еден гол во 51-та минута за гостите, кои лесно создаваа шанси пред голот на Давид де Хеа.
Но во последните 10 минути Фиорентина неколку пати опасно се закани. Раниери постигна гол за Фиорентина во 79-тата минута.
Милинковиќ-Савиќ интервенираше добро во два наврати и ги спречи „виолетовите“ да внесат дополнитепла драма во натпреварот.
Foto/ EPA