Top Sport

(Видео) „Натрапникот“ кој влета да слави со Халанд е поранешен светски шампион во бокс

При прославата на последниот гол на Ерлинг Халанд за Манчестер сити, од трибините на „Брамал лејн“ влета еден „натрапник“ на теренот за да прослави со Норвежанецот. Британските медиуми го идентификуваа навивачот како Тери Фланаган, поранешен ВБО шампион во лесна категорија од 2015 до 2017 година.

Фланаган и во својата боксерска кариера во која имаше 36 победи и 2 порази, не ја криеше својата љубов кон Манчестер сити, и откако 23-годишниот Халанд постигна гол, тој влета на теренот се гушна со него и го бакна.

Фланаган, секако, беше отстранет од теренот и сега може да добие забрана за присуство на мечевите на Сити, но моментот ќе му остане засекогаш во сеќавањата.

Scroll to Top