Top Sport

(Видео) Навивачите го прекинаа натпреварот во ФА купот меѓу ВБА и Вулверхемптон

Големи инциденти го одбележаа натпреварот од четвртото коло во ФА Куп помеѓу ВБА и Вулверхемптон.

Ривалството меѓу овие клубови е големо, а попладнево навивачите ги поместија границите откако на 15 минути до крајот го прекинаа натпреварот.

На трибините настана голема тепачка, а полицијата и стјуардите имаа полни раце работа.
Епилогот на се е неколку повредени навивачи, од кои некои се здобиле со тешки повреди. Еден навивач со крвава глава го напушти теренот, придружуван од полицијата.

Сцените од Англија ги шокираа сите, особено што беше натпревар од ФА Купот, но и фактот дека Англичаните во последните години одлично се борат против хулиганството на стадионите.

Клубовите сигурно ќе бидат казнети, а наводно инцидентите ги започнале навивачите на Вулверхемптон.

Натпреварот заврши со победа на Вулверхемптон 2:. Головите ги постигнаа Нето во 38. минута и Куња во 78. минута од натпреварот.

Scroll to Top