Top Sport

УЕФА ја отфрли жалбата, Осасуна останува без Конференциската лига

Осасуна сигурно нема да биде дел од Конференциската лига на УЕФА, откако европската куќа на фудбалот ја одби нивната жалба за исклучувањето поради скандалот со местење мечеви стар една деценија. Баскискиот клуб под водство на тренерот Хагоба Елустондо заврши на седмото место на табелата во шпанската Ла лига за прв пласман во Европа по 16 години.

„Апелациониот комитет на УЕФА одлучи да ја исклучи Осасуна од Конференциската лига во 2023/24. Членовите на Апелациониот комитет не ги прифатија нашите аргументи и ја потврдија првичната одлука. Осасуна не се согласува со критериумите на УЕФА кои за жал значат дека ги казнуваат тие кои се борат против корупцијата на суд. Ние ќе продолжиме да бараме легална завршница“, велат од клубот.

Поранешните директори на Осасуна во 2020 беа осудени за корупција и местење мечеви од 2012 до 2014 година, откако самиот клуб ги пријави нив, но според правилата на УЕФА, клубови кои имаат докажана вмешаност во местење мечеви од април 2007 автоматски добиваат едногодишна суспензија од европските натпреварувања.

Scroll to Top