Барселона, вчера доживеа дебакл на гостувањето во Севиља (4:1). Навивачите го најдоа виновникот за поразот во Роберт Левандовски.
Освен поразот, уште позагрижувачки е слабиот настап на тимот на Ханси Флик, кој на крајот може да биде среќен што примил само четири гола.
Левандовски, имаше шанса да го сврти моментумот,но промаши пенал во 76-та минута за 2:2. Полјакот ужасно шутираше, ја испрати топката крај голот.
Lewandowski’s penalty, imagine someone saying penalties are easy to score, respect Kylian !
— Miss ADEL🦋🦚🌹 (@a_derll) October 5, 2025
Многу навивачи веруваат дека полскиот ветеран е далеку од формата од својата прва сезона во Барселона и дека клубот мора итно да реагира ако сака да остане во трката за титулата:
„Да се изведе пенал по толку ужасна игра е кривично дело“;
„Техниката на Лева при изведувањето на пеналот е веројатно најлошата што сум ја видел“;
„Тим со сериозна длабочина во ростерот воопшто не би го играл Левандовски“;
„Ве молам, не знам како ќе ги најдеме пари, но ни треба нов напаѓач“;
„Левандовски треба да биде испратен во Саудиска Арабија следната сезона“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Минатата сезона, Левандовски постигна 42 гола на 52 натпревари за Барса, од кои 27 на 34 во Ла Лига.
Оваа сезона, тој моментално има четири гола на девет натпревари, а ги постигна сите четири во првенството.
Во следното коло, по репрезентативната пауза, Барселона го пречекува каталонскиот ривал Џирона.
Foto/ EPA