Барселона со уникатно видео го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2024/25. Фановите во коментарите се воодушевени од изгледот на дресот и од начино на кој е направена презентацијата.
„Инспириран од наследството, траекторијата и корените на клубот“, стои во описот на видеото кое каталонскиот гигант го објави на социјалните мрежи.
Новиот дрес го произведе американскиот бренд Најк и тој неодоливо потсетува на дресот од сезоната 2006/07, грбот е во средината, а дресот не е направен така да има вообичаена шема на пруги, туку левата страна е сина, а десната е црвена.
Во видеото се појавуваат сегашните играчи на Барселона, како и легендите Роналдињо, Карлес Пујол и Андрес Иниеста.
Barça's new kit for the 24/25 season.
Inspired by the Club's legacy, trajectory, and roots. pic.twitter.com/fqy7UhZMH2— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 18, 2024