Top Sport

(Видео) Навивачите на Берлин се тепаа со полицијата во Неапол

Навивачите на Унион Берлин предизвикаа сериозни инциденти во Неапол каде нивниот тим вечерва игра со Наполи во Лигата на шампионите.

Навивачите на германскиот клуб, сите облечени во бело, пристигнаа во Неапол и беа спроведени со полиција до градот.

Кога стигнале на плоштадот Данте, започнале тепачки, доста жестоки, меѓу ултрасите и полицијата.

Уапсени се неколку навивачи, а еден полицаец е повреден.

Немири се забележани и на два други плоштади во градот каде целосно се уништени продавници.

Во март годинава германски навивачи, поддржувачи на Ајнтрахт, предизвикаа сериозни нереди во Неапол.

Scroll to Top