Скандалозното однесување на навивачите на двете репрезентации го обележа крајот на натпреварот од четвртото коло од Лигата на нации, во кој Унгарија во Зеница ја совлада Босна и Херцеговина со 2:0.
Во еден момент навивачите на двете репрезентации скандираа „Убиј го Србинот“, по што ги извикуваа имињата на своите земји.
Видеото од стадионот набрзо беше објавено социјалните мрежи, а очевидците тврдат дека унгарските навивачи се тие кои го започнале скандирањето.
Се уште се чека на реакцијата на УЕФА која ќе го има последниот збор дали ќе следат санкции.