Макаби доживеа непријатност во Амстердам, на теренот и надвор од него. Фудбалерите беа декласирани од Ајакс со резултат 0:5 во четвртото коло во Лига Европа, а нивните навивачи биле нападнати.
Навивачите на израелскиот тим беа нападнати во центарот на Амстердам од, како што се вели, пропалестински приврзаници кои биле во главниот град на Холандија.
Властите во Амстердам ги забранија демонстрациите што сакаа да ги организираат палестинските приврзаници, но инциденти сепак имало, пред и по натпреварот.
Повеќе од 57 лица се уапсени, а десетмина се повредени. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да се испратат два авиони за спасување на израелските навивачи од Холандија.
Макаби се огласи со официјално соопштение. Израелскиот клуб ги повика своите навивачи да се придржуваат до правилата пропишани од владата на оваа земја, како и да останат во хотелот додека трае истрагата.
Истакнаа и дека треба да се избегнуваат израелските и еврејските симболи, а клубот ќе соработува со државните структури за што побрзо да ги извлечат навивачите од Амстердам.
DEVELOPING: Jewish Fans of Maccabi Tel Aviv F.C., Amsterdam were attacked and beaten by Arabs that were waiting outside the Stadium. More than 12 Injuries reported, some deemed serious. Jews are said to be hiding near the Stadium as the police attempt to control the situation. pic.twitter.com/vG6An8hhFX
— Manokekame #StopGalamseyNow (@Manokekame1) November 8, 2024
Amsterdam: des supporters israéliens agressés dans la rue après un match de Ligue Europa pic.twitter.com/D9qV6PnhFz
— BFMTV (@BFMTV) November 8, 2024