Top Sport

(Видео) Навивачите на ПСЖ направија хаос низ улиците на Париз

Големата прослава на навивачите на Пари Сен Жермен по пласманот во финалето на Лигата на шампионите, низ улиците на Париз се претвори во хаос.

Според извештаите на француските медиуми, 127 лица се уапсени за нарушување на јавниот ред и мир и употреба на пиротехнички средства. 23 полицајци се повредени во судирите меѓу навивачите и полицијата.

Немирите фрлија сенка врз одличниот настап на францускиот тим, кој ќе игра во финалето на Лигата на шампионите втора година по ред.

Парижаните се актуелни европски шампиони, а ќе ја бранат титулата во Будимпешта на 30 мај. Минатата сезона ја освоија со победа од 5:0 против Интер.

Синоќешните сцени потсетија на минатогодишната прослава, која исто така се претвори во насилство со уште полоши последици. Загинаа две лица, беа подметнати дури 692 пожари, а 190 лица беа повредени, додека повеќе од 500 беа уапсени.

Video/ Index.hr

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');