Top Sport

(Видео) Навивачите на Риека го затрупаа теренот во Љубљана со пиротехника

Фудбалскиот клуб Риека се соочува со жестка казна од УЕФА, откако навивичатите го прекинаа мечот против Олимпија во Љубљана.

Олимпија во плеј-офот за пласман во Конференциската лига ја декласира Риека. „Зелените“ на полувреме водеа со 4:0, на стартото од вториот дел постигнаа уште еден гол, што предизвика револт кај гостинските нанвивачи кои го затрупаа теренот со факели и друга пиротехника.

Главниот судија ги повлече екипите од теренот, а натпреварот продолжи по 30 и нешто минути откако полицијата го испразни делот на трибините каде беа сместени навивачите на Риека.

Scroll to Top