Top Sport

(Видео) Навивачите на Сити: Ќе ја купиме Звезда и ќе ја запалиме

Манчестер сити ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите со победата над Црвена звезда (3:1).

Избраниците на Пеп Гвардиола ги постигнаа сите три гола во второто полувреме во кое имаа 76 отсто посед на топка, вкупно 37 удари и 16 кон противничкиот гол на белградскиот тим.

Додека Сити на теренот доминираше, на трибините своја „битка“ водеа навивачите.

Навивачите на Звезда ги провоцираа домашните фанов дека навиваат за „лажениот Манчестер“, а во еден момент извадија пари и почнале да маваат наоколу.

Алудираа на богатството на клубот со кој управува шеикот Мансур и сумите кои Сити ги вложува во секој преоден рок.

Навивачите на Сити одговорија со: „Ќе го купиме вашиот клуб и ќе го запалиме“.

Scroll to Top