Top Sport

(Видео) Навивачите на Црвена звезда упадна на стадионот на Партизан

Навивачката група на Црвена зезда „Делије Север“ упадна на стадионот на Партизан на улицата Хумска и организираше палење факели под јужната трибина.

Снимките од настанот се појавија на интернет и покажуваат група навивачи како палат факели и скандираат песни за поддршка на својот клуб, создавајќи импресивна атмосфера во центарот на „непријателскиот“ терен.

Оваа акција доаѓа само неколку дена по физичката пресметка меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан во Блок 21, а многумина го толкуваат овој потег како продолжение на конфликтот и еден вид порака до спротивната страна.

„Делије“ веќе еднаш, веднаш по гореспоменатиот конфликт, упадна на стадионот преку ден и нацрта графити.

Засега не е познато како навивачите успеаја незабележано да влезат на стадионот, со оглед на тоа што спортски објект од ваков тип треба да биде под постојан надзор.

Обезбедувањето и надлежните служби сè уште не проговорија за инцидентот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');