Top Sport

(ВИДЕО) Нејмар потпиша за Ал-Хилал

Бразилската суперѕвезда Нејмар пристигна во Саудиска Арабија. Неговиот нов клуб Ал-Хилал преку специјално видео на социјалните мрежи официјално го потврди доаѓањето на 31-годишниот офанзивец од ПСЖ.

Нејмар е облечен во синиот дрес, и вели: „Јас сум овде, во Саудиска Арабија, јас сум Хилал“.

Бразилецот потпиша договор на две години, без опција за продолжување. Според информациите, во тој период со сите бонуси би можел да заработи 400 милиони евра.

 

 

Scroll to Top