Фудбалерите на Баерн го победија Хофенхајм на гостински терен со 4:1, во четвртото коло од Бундеслигата.
Баварците се непоразени оваа сезона, единствениот тим што има максимален учинок. Хари Кејн, капитенот на англиската репрезентација, ги предводеше до уште една победа, ксо втроиот хет-трик од почетокот на сезоната.
Долго се чекаше на првиот гол на Баерн, до 44-та минута кога мрежата на домашниот тим ја затресе Кејн
Веднаш по враќањето на теренот по полувремето, во 48-та минута, беше досуден пенал за Баерн, Кејн ја презеде одговорноста и беше сигурен за 2:0.
Уште еднаш, Кејн беше прецизен од пенал во 77-та минута, а потоа Владимир Цуфал го постигна почесниот гол за Хофенхајм во 82-та минута. Точка на победата на Баерн стави Серж Гнабри, во деветтата минута од судиското продолжение.
Во наредната рунда Баерн го пречекува Вердер Бремен, а Хофенхајм гостува кај Фрајбург.
Мајнц го победи Аугсбург со 4:1 во попладневниот термин, сигурен беше и Фрајбург, кој го победи Вердер на гости со 3:0, додека Хамбург беше подобар од Хајденхајм со 2:1.