Top Sport

(Видео) Непланиран кикс на Наполи, Сосиедад ја растури Бенфика

Foto/ EPA

Наполи непланирано киксираше против Унион Берлин, додека Реал Сосиедад ја декласира Бенфика во првите натпревари од четвртото коло во групите А, Б, Ц и Д.

Унион Берлин го освои првиот бод во Лигата на шампионите и ја прекина лошата серија, до вечерва Унион имаше 12 порази во низа.

Наполи непланирано кикисраше и веројатно ги загуби шансите за првото место во Ц групата.

Наполи водеше со голот на Политано во 39.минута, конечниот резултат го постави Фофана во 52 минута.

Елиф Елмас не доби шанса да игра на овој натпревар. Киксот на соиграчите го гледаше од клупата за резерви.

На табелата во Ц групата, води Реал со девет бода, Наполи има седум, Брага три, а Унион Берлин еден бод.

Реал Сосиедад буквално ја растури Бенфика во првото полувреме. За 20 минути, екипата од Баскија постигна три гола и уште два им поништи ВАР. По шест минути игра Мерино го постигна првиот гол, во 11.минута гол постигна Ојерзабал, а во 21. во стрелците се запиша Баренечеа.

Можеше Сосиедад на полувреме и со четири гола предност, меѓутоа Браис Мендес од пенал ја погоди стативата во 29.минута.

Вториот дел и припадна на Бенфика. Португалците во 48.минута го намалија резултатаот со голот на Рафа Силва, но немаа сили за нешто повеќе.

Во Д групата Сосиедад има 10 бода, Интер седум и натпревар помалку, Салцбург три и натпревар помалку, а Бенфика се уште е без освоен бод. Доколку вечерва Интер го победи Салцбург, Сосиедад и Интер на две кола до крајот Сосиедад и Интер ќе се пласираат во осминафиналето.

Scroll to Top