Top Sport

(Видео) Нереална пенал-драма во Амстердам, Ајакс го победи ПАО со 13:12

Неверојатно драматичен натпревар одиграа во Амстердам Ајакс и Панатиникос во 3. коло од квалификациите за Лига Европа.

Ајакс се пласира во плеј-офот по 17 пенал серии. Натпреварот заврши со победа на панатинаикос 0:1. „Зелените“ негативата од првиот меч ја анулираа со голот на Тете во 89. минута.

Откако немаше голови во продолженијата, двата тима шутираа по 17 пенали, на крајот Ајакс победи со 13:12.

Ремко Пасвер, голманот на Ајакс, одбрани пет пенали и постигна еден гол и тој е јунакот на Ајакс. Холандскиот великан ќе игра против полска Јагелонија во плејофот на Лига Европа.

Панатинаикос ќе игра против француски Ленс во плеј-офот за Конференциската лига.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');