Нестварен автогол е постигнат вечерва во градското дерби, во Цвајта, меѓу Сент паули и Хамбург.
Сент Паули водеше со 2:0, на крајот Хамбург дојде до 2:2. На табелата Сент Паули е лидер со 31 бод, три повеќе од Хамбург.
Интересно и покрај тоа што се градски ривали, ова беше само 32. дерби меѓу Хамбург и Сент Паули. Двата тима низ историјата само 13 сезони се натпреварувале во ист ранг.
Еден детал од овој натпревар ќе влезе во историјата на градските пресметки, тоа е автоголот на голманот на Хамбург, Даниел Хојер Фернандеш во 27. минута.
Немаше баш најдобра комуникација со соиграчите од одбраната, па несмасно ја зафати топката и ја закова под гредата.
The wildest own goal of all time in the St.Pauli game 🤣😭 pic.twitter.com/Dx31GCmNSu
— Pyramid Podcast (@PyramidPodcast_) December 1, 2023