Top Sport

(Видео) Невидена тепачка во бразилското дерби и историски 23 црвени картони

Улична тепачка и 23 црвени картони го обележаа финалниот меч, во шампионатото на бразилската сојузна држава Минеиро. Во финалето играа крузеиро и Атлетико Минеиро.

Натпреварот беше прекинат поради општа тепачка, прирезултат 1:0 за Крузеиро (стрелец Каио Жорж).

Инцидентот започна по дуелот на голманот на Атлетико, Еверсон и напаѓачот на Крузеиро, Кристијан.

Ситуацијата ескалира до таа мера, што главниот судија, Матеус Делгадо Кандансан, побара воената полиција да влезе на теренот за да смири завојуваните страни.

По речиси 10 минути судијата го заврши натпреварот и додели неверојатни 23 црвени картони: 11 за Минеиро и 12 за Крузеиро.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');