Top Sport

(Видео) Незапирливиот Гираси е херојот на Дортмунд

Фото/ EPA/ERIK S. LESSER

Борусија Дортмунд го победи мексиканскиот Монтереј со 2:1 во осминафиналето на Светското клупско првенство во САД.

Многу брзо, Борусија поведе во овој дуел. Серу Гираси се снајде брилијантно по прекрасното додавање на Карим Адејеми. Остана сам пред голманот и од 14-та минута беше 1:0.

Потоа Монтереј имаше една добра шанса кога Хесус Корона шутираше покрај голот, а набрзо се обиде и Нелсон Деоса, но ударот го одбрани Грегор Кобел.

Во 24-та минута, Гираси повторно постигна гол. Адејеми повторно му беше асистент. Имаше шанса да постигне хет-трик уште во 30-та минута, но не успеа да го искористи прекрасниот центаршут на Белингам.

Монтереј одговори веднаш на почетокот од второто полувреме. Херан Бертераме постигна гол со глава за 2:1, кога го постави конечниот резултат.

Борусија Дортмунд во четвртфиналето ќе игра против Реал Мадрид.

Сите четвртфинални парови

4 јули, Пасадена: Палмеирас (Бразил) – Челзи (Англија)

4 јули, Орландо: Флуминенсе (Бразил) – Ал Хилал (Јужна Арабија)

5 јули, Атланта: ПСЖ (Франција) – Баерн (Германија)

5 јули, Њу Џерси: Реал (Шпанија) – Дортмунд (Германија).

Scroll to Top