Атлетик Билбао, во возбудлив натпревар, ја победи Севилја со 3:2. На отворањето на сезоната во Ла Лига, блескаше Нико Вилијамс со гол и две асистенции. Севилја се врати во мечот по водствто на Атлетик од 2:0, но не издржа. Дебитантот во дресот на баскискиот тим, Наваро погоди за победа.
Нико Вилијамс, кој во последен момент реши да остане во Билбао, кога ја одби понудата од Барселона, во 36.минута избори пенал и го претвори во гол. Овој играч, седум минути подоцна му асистираше на Санади кој погоди за 2:0.
Домашниот тим имаше шанси да го реши мечот во првите 10 минути од вториот дел, а кога не успеа казната стигна преку Лукебакио, кој испрати вистинска бомба од дистанца и намали на 2:1.
Во 72.минута, Севилја постигна уште еден гол од далечина. Резултатот го изедначи Агуме.
Го имаа гостите посакуваниот резултат се до 81.минута, кога по додавањето на Нико Вилијамс, конечниот резултат го постави Наваро.
Foto/ EPA/Miguel Tona