Top Sport

(Видео) Ниланд и Халанд го испратија Бразил од Мундијалот

Норвешка го елиминираше Бразил од Светското првенство. Во Њу Џерси, Норвежаните славеа со 2:1 и се пласираа во четвртфиналето. Ерлинг Халанд ги постигна головите за победа во 79-та и 90-та минута. Голот за Бразил го постигна Нејмар во 10-та минута од судиското продолжение од пенал. Покрај Халанд, најистаккнати во норвешката репрезентација беа голманот Ниланд и асистентот за двата гола Шјелдеруп.

Бразил ќе почека на победа во дуелите со Норвешка. На „МетЛајф“ стадионот, овие две репрезентации се сретнаа по петти пат, Норвешка ја забележа третата победа, два пати било нерешено.

Норвешка сурово ги казни нереализираните шанси на Бразилците. Немаа „Кариоките“ решение за Ниланд. Голманот на Севилја, најави дека ова ќе биде негов натпревар кога во 14-та минута му одбрани пенал на Бруно Гимараеш.

Имаа, Бразилците потоа две шанси преку Винисиус Жуниор, додека Норвешка и покрај тоа што ја контролираше топката, сериозно се закани во последните моменти од првиот дел кога Алисон брилијантно го запре ударот на Едгерад.

Во вториот дел, мртва шанса промаши Ендрик. Младиот напаѓач само што влезе во игра во 59-та минута во ситуација „еден на еден“ шутираше крај голот. Потоа Ниланд се истакна кога спречи атрактивен авто гол.

Се она што не го реалзиира Бразилците го казни Халанд. По центаршутот на Шјелдеруп во 79-та минута, со глава испрати неодбранлив удар во голот.

Десет минути подоцна повторно Шјелдеруп, со додавање за Халанд, а напаѓачот на Сити, од работ на шеснаесетникот го погоди спротивниот агол.

Длабоко во судиското надополнување на времето, Бразилците добија уште еден пенал, го реализираше Нејмар, кој на овој начин се прости со националниот тим.

Норвешка во четвртфиналето ќе игра против Мексико или Англија.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');