Top Sport

(Видео) Ноер трагичар, Баерн елиминиран во Купот од Баер Леверкузен

Баерн Минхен го заврши настапот во Купот на Германија во осминафиналето. Бранителот на трофејот Баер Леверкузен ги победи Баварците во Минхен со 1:0.

„Фармацевтите“ од 17.минута играа со играч повеќе и предноста на теренот ја искорстија во 69.минута кога Тела го постигна единствениот гол.

Трагичар на Баерн е Мануел Ноер кој го доби црвениот картон. Та испратидолга топка напред, Фримпонг стигна до неа излезе пред Ноер кој стоеше на 20 метри од својот гол, направи фаул и добри црвен картон.

Ноер ја игра 21 сезона и во 923 натпреварво кариерата прв пат доби црвен картон.

Scroll to Top