Top Sport

(Видео) Нов кикс на Мегваер – Јунајтед ремизираше со Атлетик Билбао

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го одиграа последниот подготвителен натпревар пред почетокот на Премиер лигата. Во Даблин „црвените ѓаволи“ ремисираа 1:1 со Атлетик Билбао.

Неполни 24 часа по победата над Ленс, Ерик тен Хаг им даде шанса на играчите од втор план, поточно на оние кои не играа во саботата против Французите на „Олд Трафорд“.

Малку недостигаше да пресуди голот од 29. минута, до кој дојде по големата грешка на поранешниот капитен на Јунајтед, Хари Мегваер.

Претходно, англискиот тим имаше неколку добри шанси, а потоа Мегваер едноставно му ја даде топката на Лекуе кој потоа го проигра Нико Вилијамс и тој ја затресе мрежата на Јунајтед за 0:1.

Во продолжение Шпанците останаа со играч помалку во 67. минута кога Аитор Паредес доби црвен картон бидејќи со гол шанса го запре Ханибал Межбри.

И кога се очекуваше победа на Атлетик, буквално во последниот напад Јунајтед израмни.

По центаршутот на Арон ван Бисака, Мегваер со глава ја спушти топката до Факундо Палистри кој погоди за конечни 1:1.

Scroll to Top