Top Sport

(Видео) Нова „магија“ од Меси – Интер Мајами во финалето на УС опен

Лео Меси, иако овојпат не постигна голови, пак беше херојот на Интер Мајами, предводејќи го својот клуб до победа на пенали над ФЦ Синсинати во полуфиналетот на УС Опен купот.

Иако имаше лоши први 70 минути од мечот, тој имаше две одлични асистенции за Мајами, од кои втората во 97. минута за да се отиде во продолженија. Потоа, младиот Бенџамин Кремаски го постигна победничкиот пенал откако по 120 минути беше 3:3. Со ова, Меси има вкупно осум меча со гол или асистенција за второ куп финале.

Пред неговото пристигнување, Интер Мајами беше сметан за најлошиот тим во МЛС лигата и беше на последното место на табелата. Во сабота, Меси ќе го има својот прв меч од регуларната сезона во МЛС на гости кај Њујорк Ред булс.

Scroll to Top