Фудбалерите на Шкотска ја победија Данска со 4:2 (1:0) во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 во групата.
Со овој триумф, Шкотланѓаните обезбедија директен пласман на Муднијал следната година, Данска ќе бара место на Светското првенство преку баражот.
Во спектакуларен натпревар во Глазгов, Шкотланѓаните водеа три пати, Данците се вратија двапати и со играч помалку, а потоа Меклин го постави конечниот резултат во осмата минута од судиското продолжение, со гол од половина терен.
Лудиот меч на „Хампден парк“ го најави Скот Мектоминеј во третата минута, кога со ножички постигна спектакуларен гол.
На Шкотланѓаните им беше потребна победа за директен пласман на Светското првенство, додека на Данска ѝ беше доволен и нерешен резултат на овој натпревар, за да бидат први од Групата Ц.
Данците не се предадоа, израмнија на 1:1 во 57-та минута, кога стрелец беше Хојлунд од пенал.
Само четири минути подоцна, Данска остана со 10 играчи, бидејќи Кристенсен доби втор жолт картон.
Добро се држеа Данците и со играч помалку имаа иницијатива и ја контролираа играта.
Нивната одбрана не издржа во 78-та минута кога, резервниот напаѓач Лоренс Шкаланд постигна гол за 2:1.
Шкотланѓаните беа на 12 минути од директен пласман на СП, а потоа Данците повторно израмнија четири минути подоцна, а овој пат Доргу беше прецизен за 2:2.
Кога се чинеше дека сè е готово, во третата минута од судиското продолжение, Киран Тиерни брилијантно погоди од 20 метри.
За крај на спектаклот, дојде и спектакуларниот гол на Кенај Меклин. Во осмата минута од судиското продолжение, фудбалерот на Норич го лобуваше Шмајхел од половина терен.
Foto/ EPA
