Top Sport

(Видео) Обезбедувањето едвај го спречи Симеоне да претепа навивач

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего, полуде како никогаш досега во кариерата на натпреварот со Ливерпул и нападна навивач.

Фудбалерите на Ливерпул го победија Атлетико Мадрид со 3:2 во спектакуларен натпревар од првото коло на Лигата на шампионите.

На истекот на натпреварот, не само што го видовме решавачкиот гол за победата на Ван Дајк, туку и инцидент меѓу тренерот на гостинскиот тим, Диего Симеоне, и еден навивач, по што тој беше исклучен.

Еден од навивачите на „Црвените“ кој беше блиску до теренот му се нафрли во лице и му дофрли нешто, што многу го изнервира тренерот на Атлетико и тој целосно ја изгуби контролата.

Тој тргана физички да се соочува со навивачот, во што едвај беше спречен од обезбедувањето на стадионот.

Симеоне доби црвен картон и ќе биде казнет, ќе пропушти најмалку еден натпревар во Лигата на шампионите.

На социјалните мрежи се појави видео од навивач на кој аргентинскиот стручњак скокна по голот на Ван Дајк, со намера да се пресмета со него. На споменатото видео, може да се види како навивачот непристојно гестикулира кон Симоне, изговарајќи зборови, веројатно навреди. Симеоне по натпреварот рече дека бил навредуван во текот на целиот натпревар.

Scroll to Top