Домот на селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, е под зголемено полициско обезбедување поради глемиот број навивачи кои сакаат да го видат и да го поддржат по поразот во финалето на Светското првенство.
Полицијата постави ограда околу имотот, додека полицајците се на должност во текот на целиот ден за да ја држат ситуацијата под контрола.
Иако Аргентина загуби од Шпанија во финалето со 1:0, популарноста на Скалони не се намали. Напротив, навивачите доаѓаат во неговото родно место секој ден, пеат, скандираат и бараат фотографии и автограми.
Tan grande vas a ser Lionel Sebastián Scaloni?? El mejor DT de Argentina 🇦🇷🇦🇷🥹🙌👏🏻
Así salía para saludar a toda la gente que se acercó este sábado pic.twitter.com/d8dMAjnzOE
— Luciano Lugo (@Luciano434) July 25, 2026
Скалони наводно се појавува пред навивачите двапати во денот, наутро и навечер, за да ги поздрави и да потпише неколку автограми. Некои навивачи организираат и мали претстави пред неговата куќа, додека бројот на собрани луѓе се зголемува од ден на ден.
Скалони претходно нагласи колку многу му значи поддршката од навивачите.
„Кога ќе ги видите вашите луѓе, како слават и колку се среќни, тоа мора да ве трогне. Ние играме за нив, за земјата и за нашите семејства“, рече тој пред финалето.
Локалните власти сега се обидуваат да спречат евентуални инциденти, но селекторот на Аргентина, и покрај гужвата и непријатноста, продолжува да се појавува пред навивачите кои дојдоа да му покажат дека поразот во финалето не го променил нивниот став кон него.
Foto/ Depositphotos
