Top Sport

(Видео) Осимен во Манчестер Јунајтед!?

Како што стојат работите, Виктор Осимен конечно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

Осимене сезонава е позајмен во Галтасарај, а неколку сезони се поврзува со трансфер на „Олд Трафорд“.

Минатото лето нигерискиот репрезентативец не успеа да реализира бројни потенцијални трансфери, меѓу другите во Ал-Итихад и Челзи, но сега е извесно дека сепак ќе игра во Премиер лигата.

Сердар Али Челиклер, новинар на турски „НЕО Спорт“, тврди дека Осимен веќе постигнал договор со Манчестер Јунајтед, но се уште нема договор меѓу клубовите.

На таа информација се надоврзаа и некои други медиуми, а „Африкафут“ соопшти дека договорот е веќе потпишан, и тоа на пет години.

Се очекува за Осимен „црвените ѓаволи“ да платат околу 80 милиони евра.

Дваесет и шестгодишниот Осимен професионалната кариера ја започна во Волфсбург во 2017 година, а играше и во Шарлроа, Лил и Наполи. Сезонава одигра 34 натпревари за Галатасарај и постигна 29 гола, со шест асистенции.

Scroll to Top