Лионел Меси ја освои осмата Златна топка, наградата за најдобар фудбалер во светот. Минатата година ја предводеше Аргентина до првата титула светски шампион по 1986 година и поради тоа беше голем фаворит за освојување на престижната награда.
Меси во кариерата постигна 827 гола, а во интервју по освојувањето на Златната топка откри кој од тие голови му е омилен.
„Секогаш велам дека специјалните голови се оние што ги постигнувате во најголемите натпревари. Сум постигнал голови во финалето на Лигата на шампионите, сега во финалето на Светското првенство. Сепак, нема да го заборавам голот, поради начинот на кој го постигнав и колку беше важен за нас, го постигнав во полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид кога победивме со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа е гол кој секогаш ќе го паметам“, изјави Меси.
Голот што никогап нема да го заборави Меси го постигна во 2011 година.
G⚽️AL OF THE DAY
King #Messi. 🐐 pic.twitter.com/6K0ZsMCLAS— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 10, 2020