Top Sport

(Видео) Палас освои бод на „Стенфорд Бирџ“, Њукасл го победи Тотенхем

Во пресрет на најголемото дерби на англискиот фудбале, дуелот на Манчестер јунајтед и Ливерпул се одиграа два натпревари во рамките на 3.коло.

Челзи во малото лондонско дерби не успеа да го победи Кристал Палас. „Сините“, одлично го отворија натпреварот, поведоа со 1:0 во 25. минута со голот на Џексон на асистенција на Палмер и тоа беше резултатот од првото полувреме.

Во второто полувреме Кристал Палас прегу својот најдобра играч Езе, 54. минута успеа да изедначи. До крајот на натпреварот на Стемфорд Бриџ немаше промена во резултатот, остана 1:1.

Њукасл го пречека Тотенхем и успеа да победи со 2:1. „Страчките“ го добија првиот дел со 1:0, со голот на Барнс во 37. минута на додавање на Кели.

Во вториот дел Тотенхем заигра подобро, и дојде до 1:1 со авто-голот на Бурн.

Сепак, Њукасл до победничкиот гол стигна во 78. минута, стрелец беше Исак на асистенција на Марфи.

Scroll to Top