Фудбалерите на Палмеирас го освоија Копа Либертадорес, откако во Монтевидео, го победија Естудијантес со 1:0 (0:0).
Бразилскиот претставник четврти пат во клупската историја стана шампион на Јужна Америка.
На истото место, на стадионот „Сентенарио“, овие ривали играа „мајсторка“ во финалето во 1968 година, тогаш славеше и аргентинскиот тим (2:0). Сега дојде одмаздата.
Натпреварот пред околу 60.000 гледачи го реши Парагвајецот Рамон Соса, кој го постигна победничкиот гол во 52-та минута.
🚨 GOL DO PALMEIRAS!
⚽ Sosa
Palmeiras 1×0 Estudiantes
🏆 FINAL DA LIBERTADORES
🎥@geglobo
#PALxEST pic.twitter.com/K4tzzDQBng— Gols (@golscrf7) November 28, 2026
Важноста на натпреварот очигледно влијаеше на актерите, немаше многу шанси, но тоа не значи дека не беше „жежок“.
Кариљо и Паласиос ги пропуштија најдобрите можности за израмнување.
Естудијантес ќе го памети овој пораз долго време и поради фактот дека им пресуди поранешениот играч на Гимназија, нивниот голем ривал.
Доминацијата на бразилските клубови, кои имаат осум титули по ред, продолжи. Вкупно сега имаат 26, додека Аргентина остана на 25.
Со овој триумф, Палмеирас обезбеди учество на следниот Интерконтинентален куп, како и на Светското клупско првенство во 2029 година.
Foto/ Profimedia
