Top Sport

(ВИДЕО) Пандев останува претседател: Ќе доведеме тренери од Италија и максимално ќе вложиме во младинската школа

Фудбалскиот клуб Академија Пандев во новата сезона влегува со ребрендирано име – ФК Академија Пандев Брера Струмица, откако 90% од акците на клубот ги купи италијанско-американската компанија „Брера“. Ќе бидат доведени тренери од Италија, а Горан Пандев вели дека многу големо внимание ќе биде посветено на развојот на младинската школа на клубот. Тој ќе остане да биде претседател на струмичкиот прволигаш.

Осумте членови на бордот на директори одлучиле токму Пандев и натаму да биде прв човек на клубот.

„Интенцијата е да се вложи многу повеќе во младинската школа, да се вратиме на основите, на тоа што беше моја идеја, да имаме врвна фудбалска школа, а новите инвеститори и сопственици ќе овозможат многу подобри услови. Јас ќе бидам комплетно фокусиран токму на работата и функционирањето на школата, ќе донесеме тренери со лиценци, ќе работиме професионални, и младинските тимови ќе имаат можност да настапуваат на турнири во Европа, но и во САД. За првиот тим ќе биде задолжен Ацо Стојков, тренерите ќе бидат ангажирани од Италија, тие имаат работено во младински школи на Јувентус и на Парма, и се надеваме на еден сериозен развој во периодот од две години. Претстојната сезона имаме амбиции да бидеме на средината на табелата од македонскиот шампионат“, изјави Горан Пандев.

Scroll to Top